Поранешниот италијански напаѓач Лука Тони му предложи на Јувентус да го доведе напаѓачот на Манчестер Сити, Габриел Хесус.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Јувентус во летото кое следи веројатно ќе се обиде да доведе нов напаѓач, а Тони смета дека Бразилецот би бил идеална опција, иако не ги потценува квалитетите на Гонзало Игуаин.
„Игуаин секако е еден од најдобрите на својата позиција. Но, ако го споредиме со она време од Наполи многу се промени. Постигнува помалку голови, меѓутоа повеќе помага на тимот“.
„Габриел Хесус е брз и технички поткован, знае и да асистира. Од сите кои ќе ги набројам тој е најмалку напаѓач, но сеедно. Тој би бил најдобар партнер на Роналдо бидејќи ниту Роналод не е вистински напаѓач, но постигнува најмногу голови“.
Тони смета дека Хари Кејн е подобар играч од Хесус, меѓутоа според него тој не е партнер за со Роналдо.
„За Кејн сметам дека е најдобар напаѓач под 30 години, но тој не е партнер за со Роналдо. Габриел Хесус го гледам како подобра опција“, смета легендарниот напаѓач.