Дома Фудбал Останато Лука Тони: Интер заврши одлична работа со Џеко, тоа е напаѓач кој секој би го посакал

Лука Тони: Интер заврши одлична работа со Џеко, тоа е напаѓач кој секој би го посакал

Eдин Џеко вчера одигра уште еден одличен натпревар за Интер и со два гола ја обезбеди победата на „нероаѕурите“ против Шахтјор.

Интер го продаде Лукаку во Манчестер Јунајтед. Луѓето задолжени за спортската политика на клубот го доведоа Џеко како негов наследник и не погрешија. За Џеко стигнуваат пофалби од многу страни.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Последен во низата кои со пофалби зборуваа за Џеко е Лука Тони.

„Повторно Џеко одигра одличен натпревар и доминираше. Уште во првото полувреме имаше неколку добри прилики, а потоа во вториот дел и реализираше. Ми се допаѓа како игра Интер, беа одлични во текот на целиот меч“.

„Клубот мора да се пофали. Одработија одлична работи со продажбата на Лукаку. Заработија пари, а потоа го доведоа Џеко и не загубија на квалитет. Станува збор за напаѓач кој секој би го посакал“, изјави Лука Тони.

Џеко за Интер сезонава во сите натпреварувања одигра 19 натпревари, постигна 10 гола и забележа три асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Бразилецот кој го сруши ПСЖ направи трансфер во Премиер лигата!

Бразилскиот репрезентативец Игор Жезус премина од Ботафого во Нотингем Форест. Англискиот …