Дома Фудбал Останато Лука Модриќ е сериозен кандидат за „Златната топка“ – стигна и доказ!

Лука Модриќ е сериозен кандидат за „Златната топка“ – стигна и доказ!

0
modric

Лука Модриќ е сериозен кандидат за „Златната топка“, ако тоа сега беа само најави, денес стигна и доказ.

Кон крајот на годината реномираниот „Франс Фудбал“ ќе ја додели Златната топка. Од 2007 година кога тој трофеј го доби Рикардо Кака, оваа награда одеше во рацете на Лионел Меси и Кристиано Роналдо. Португалецот и Аргентинецот доминираат во светскиот фудбал веќе 10 години, но оваа година изгледа тоа ќе се промени.
Во своето денешно издание реномираниот „Л’Eкип објави поголем текст за „Златната топка“ во кој Лука Модриќ се истакнува како еден од најсериозните кандидати.

Иначе, францускиот спортски весник „Л’Eкип е сопственик на телевизијата „Л’Екип“ и фудбалскиот магазин „Франс Фудбал“, познат по изборот за најдобар фудбалер во светот, односно „Златната топка“.

„Л’Eкип“ пишува дека неколку француски репрезентативци се сериозни кандидати, а тоа се: Антоан Гризман, Рафаел Варан и Килијан Мбапе. Проблем за Французите е што гласовите на 180 дописници на „Франс Фудбал“ би можеле да бидат распределени бидејќи никој не беше посебно доминантен.


Следете го Sportski.mk и на


Тука се доаѓа и до делот за Лука Модриќ.

„Најголема закана за трите француски играчи во изборот на Златната топка е Хрватот Лука Модриќ кој беше избран за најдобар фудбалер на Светското првенство. Играше финале на Мундијалот и ја освои Лигата на шампионите со Реал Мадрид, на сето тоа и три пати беше прогласуван за играч на натпреварот на Светското првенство. Тој е неверојатен играч. Се наметна како сериозен кандидат за Златната топка“, стои во текстот на уредникот од тимот кој ја доделува најпрестижната награда.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Се било договорено: Донарума денес многу лесно можел да биде голман на – Интер!

Еден од најдобрите голмани на светот бил многу блиску до потпис со Интер. После репрезента…