Дома Македонски спорт Мак баскет Лукајиќ е новиот кормилар на „Штрковите“

Лукајиќ е новиот кормилар на „Штрковите“

Актуелниот македонски шампион, МЗТ Скопје Аеродром од денес има нов тренер.

Имено, откако Александар Тодоров одлучи да си поднесе оставка, на неговата позиција од денес седна Жељко Лукајиќ.

Тодоров поднесе оставка трите од вкупно осум загубени дуели во домашното првенство.

Новиот предводник на „Штрковите“ во својата тренерска кариера, бил на кормилото на екипите на Хемофарм, Партизан, Лукоил Академик и Игокеа.

Лукајиќ со македонскиот шампион потпиша договор до крајот на сезоната, со можност за продолжување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Закани кон кошаркар пред скопското дерби, полицијата го истражува случајот

Кошаркар пријавил закани оставени на неговиот автомобил и испратени преку социјална мрежа.…