Напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку нема намера да се враќа во својот поранешен клуб Челзи, тврдат медиумите на Островот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Приоритет на Челзи на лето ќе биде доведување на врвен напаѓач, а меѓу желбите е токму Ромелу Лукаку.
Наводно „сините“ биле спремни да понудат 120 милиони евра за белгискиот напаѓач, но наиделе на ѕид.
Интер нема намера да ја продаде својата ѕвезда, но и самиот Лукаку нема никаква намера да се враќа во Лондон.
Лукаку постигна 65 гола во првите две сезони во Интер и моментално е во животна форма, а јавно ја кажа својата желба дека сака да остане во Милано.