Дома Фудбал Лукаку е минато, Интер има нова „деветка“📷

Лукаку е минато, Интер има нова „деветка“📷

Миланскиот гигант Интер денес со уште еден акт потврди дека дефинитивно се откажа од Ромелу Лукаку.

Имено, дресот со број 9 од следната сезона во Интер ќе го носи новото засилување Маркус Турам.

Интер ја чуваше „деветката“ за Ромелу Лукаку, но откако трансферот на Белгиецот пропадна од раководството одлучија да му го дадат тој број на Турам.

Интер сакаше да го врати Лукаку во своите редови, но откако Белгиецот почна преговори со Јувентус, „нероаѕурите“ дефинитивно се откажаа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кардинале: Милан не е на продажба, сакам да ги доведам најдобрите!

Сопственикот на Милан најавува нов финансиски модел преку стадионот, арена во Сан Донато и…