Дома Топ вести Луис Енрике: Бевме очајни, не заслуживме ни реми!

Луис Енрике: Бевме очајни, не заслуживме ни реми!

Тренерот на Барселона, Луис Енрике беше бесен после најлошото издание на неговиот тим оваа сезона и ремито против Реал Сосиедад.

Барселона одигра 1:1 против Сосиедад и сега заостанува зад Реал цели 6 бода, а Луис Енрике беше критичен и истакна дека неговиот тим не заслужил ни реми.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„Многу е лесно да се анализира мечот со Сосиедад, просто бевме очајни и не можевме да направиме пет пасови. Кога би го гледал само резултатот веројатно тоа би било позитивна оцена. Тоа што мечот заврши 1:1 е вистинско чудо“, истакна Луис Енрике.

„Сосиедад одигра одлично, постојано не притискаше и не ни даваше голем простор за игра. Ова е најлошиот меч откако сум на клупата на Барселона и сметам дека не го заслуживме ни овој бод“ , заклучи стратегот на Каталонците.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Баерн ја купува ѕвездата на Леверкузен

Во Баерн Минхен го набележале левиот бек на Баер Леверкузен, Алехандро Грималдо, како поте…