Дома Топ вести Лудо попладне во Лига 1: Седум црвени картони на три натпревари

Лудо попладне во Лига 1: Седум црвени картони на три натпревари

Попладневните три натпревари во Лига 1, Франција не донесоа пресметки на звучни екипи, но ќе поминат обележани со исклучувањата, ги имаше дури седум.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Најжестоко беше на натпреварот помеѓу Монпелје и Оксер кој заврши со 1:2 и на овој натпревар видовме дури четири исклучувања, по две на двете страни. Фајад и Савениер беа исклучени кај Монплеје, а Нианг и Да Коста кај гостите.

Клермон дома беше подобар од Ница од 1:0. Гостите на овој натпревар останаа без два играчи помалку и тоа во последните десетина минути. Прво Лемина беше ислучен во 80. минута, а само две минути подоцна во соблекувалната му се придружи и Тодибо.

На натпреварот помеѓу Анжер и Брест (1:3) видовме едно исклучувања и тоа Шабановиќ после половина час игра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Феран Торес заминува поради Адејеми во… најсилниот тим во Европа!

Напаѓачот на Барселона и шпанската репрезентација, Феран Торес, можеби многу лесно ќе ја п…