Дома Видео Лудница: Навивачите на Ливерпул во транс по натпреварот против Баерн

Лудница: Навивачите на Ливерпул во транс по натпреварот против Баерн

Како што е познато, Ливерпул синоќа обезбеди пласман меѓу осуммте најдобри екипи во Европа, откако го победи Баерн среде Минхен со 1:3.

Во листата на стрелци за Црвените се запишаа Мане двапати и Ван Дијк, додека Баерн постигна погодок по несреќната реакција на Матип, кој си постигна автогол за 1:1.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


По натпреварот следуваше вистинско славје на фановите на Ливерпул низ локалите во Минхен, а на социјалните мрежи кружат видеа од забава организирана во локал во Минхен пред почетокот на натпреварот.

Кога се во прашање фановите на Ливерпул нема што да се коментира, доволно е да се погледне и да се ужива во атмосферата. Веќе подолго време главен лик на ваквите забави е гитаристот Џејми Вебстер, кој и синоќа заедно со навивачите на Ливерпул направија вистинско шоу.

Една од омилените песни на Црвените е песната посветена на Вирџил ван Дајк, кој оваа сезона ги освои симпатиите на фановите и несомнено е број еден играч во ростерот на Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Томас Милер може да заврши во клуб каде што никој не очекува!

По долгогодишна кариера започната уште како млад фудбалер, Томас Милер го напушта Баерн. О…