Дома Македонски спорт Мак фудбал Луда ситуација во македонската втора лига: Фудбалер на Тетекс го искина црвениот картон на судијата 🎥

Луда ситуација во македонската втора лига: Фудбалер на Тетекс го искина црвениот картон на судијата 🎥

Во вчерашните натпревари од македонската Втора лига видовме една необична ситуација на натпреварот помеѓу Гостивар и Тетекс.

Натпреварот заврши со убедлива победа на гостиварци од 5:0, но резултатот не е она поради што овој натпревар се најде во центарот на вниманието. Имено, во една ситуација Христијан Кировски од редовите на Тетекс го зема црвениот картон на судијата и го искина.

На видеото може да се забележи дека судијата мора да оди кај својот колега барајќи резервен картон за да го исклучи, првиот претходно му го покажа на голанот на тетовскиот тим.

Видео: www.macedonianfootball.com

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Гаштаров без страв пред Шкотска, Македонија бара излез од серијата порази

Младиот репрезентативец го дочекува гостувањето во Глазгов без притисок. Македонија вечерв…