Дома Фудбал Лоши вести: Ристевски и Велкоски не патуваат за Грузија

Лоши вести: Ристевски и Велкоски не патуваат за Грузија

Лоши вести пристигнуваат утрово од таборот на репрезентацијата, Македонија за Тблиси ќе патува без Кире Ристевски и Крсте Велкоски.

Ристевски и Велкоски биле позитивни на Ковид-19 при вторите тестирања и ќе останат во Скопје. Репрезентацијата во 10 часот од скопскиот аеродром ќе отпатува за Грузија. Од претходно е познато дека Арјан Адеми веројатно нема да може  да настапи, меѓутоа тој ќе патува за Грузија и на него ќе чекаме до последен момент.

Натпреварот Грузија и Македонија ќе го играат утре во 18:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Почетино ќе бара засилувања од Челси? Три имиња во фокусот на Јунајтед

Поранешниот главен скаут на Јунајтед, Мик Браун, смета дека Почетино би можел во јануари д…