Дома Фудбал Италија Лоши вести за Јувентус – Пјаца доживеа тешка повреда!

Лоши вести за Јувентус – Пјаца доживеа тешка повреда!

Хрватскиот репрезентативец и член на Јувентус, Марко Пјаца доживеа тешка повреда на мечот против Естонија и ќе го пропушти остатокот од сезоната.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Марко Пјаца се повреди во 63-та минута од пријателскиот натпревар одигран во Талин, а денес медицинскиот тим по прегледот на магнетна резонанца, објави дека играчот ги скинал предните вкрстени лигаменти во коленото.

Ваква повреда бара сложен хируршки зафат, а рехабилитацијата трае околу шест месеци, што значи дека крилниот напаѓач не само што ја заврши сезоната, туку нема да може да ги мине летните подготовки со тимот, а и ќе го пропушти стартот на новата сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Веќе е речиси јасно: Познат потенцијалниот противник на Босна во нокаут фазата

Фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина е на прагот да обезбеди место во елимина…