Дома Фудбал Лоши вести за Спалети после поразот од Сасуоло

Лоши вести за Спалети после поразот од Сасуоло

Тренерот на Интер, Лучијано Спалети беше казнет од страна на Италијанската фудбалска федерација после мечот со Сасуоло.

Интер во првото коло потполно неочекувано загуби од Сасуоло со 1:0, а Спалети после мечот го критикуваше главниот судија Маурицио Мариани и поради тоа е казнет со 10.000 евра.

Притоа Италијанската фудбалска федерација го опомена и тренерот на Торино, Валтер Мацари кој влезе на терен да се жали за една судиска одлука. Казна добија уште Удинезе и Парма (4.000 евра) за употреба на пиротехнички средства.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Купот донесе пресврти: Тиквеш славеше во Скопје, Ѓорче се спаси од 0:2

Тиквеш го совлада Вардар со 3:1, а Македонија ЃП преку пенали ја исфрли Брегалница. Вардар…