Дома Фудбал Италија Лоши вести за Милан, остана без еден од најважните фудбалери

Лоши вести за Милан, остана без еден од најважните фудбалери

Милан во недела го игра градското дерби со Интер, а остана без еден од најважните фудбалери.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имено, на синоќешниот дуел со Црвена Звезда се повреди плејмејкерот Исмаел Бенасер и беше заменет со Сандро Тонали.

На денешните лекарски прегледи се покажа дека Алжирецот има мускулна повреда и ќе биде надвор од терените неколку недели.

Тоа значи дека сигурно ќе ги пропушти двете дерби средби, против Интер и Рома во Серија А.

Бенасер пропушти 11 меча во декември и јануари, а сега ја обнови повредата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Мурињо испрати порака до Арсенал по интересот за Винициус Жуниор

Жозе Мурињо сака Реал Мадрид да ги одбие сите обиди од Арсенал да го потпишат бразилскиот …