Дома Фудбал Лоши вести за Конте – познато колку ќе отсуствува Мората

Лоши вести за Конте – познато колку ќе отсуствува Мората

Алваро Мората еден месец ќе биде надвор од фудбалските терени како последица на повредата која ja доби на саботното дерби со Манчестер Сити, потврдија англиските медиуми.

Мората во дербито на „Стенфорд бриџ“ играше половина час, па самиот побара да биде заменет поради повредата.

„Би-Би-Си“ објави дека Шпанецот ќе отсуствува еден месец, а доколку рехбилитацијата не оди според посакуваното, тој би можел да биде надвор од фудбалските терени околу два месеца.

Мората, кој во летниот преоден рок пристигна во Челзи за сума од 65 милиони евра, ќе ги пропушти репрезентативните натпревари со Албанија и Израел.

Од таборот на Челзи се надеваат дека Шпанецот ќе се врати за дербито со Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сити го следи талентот на Дортмунд: Алберт на радарот и на Челси и ПСЖ

Манчестер сити наводно има предност во трката за 17-годишниот Матис Алберт, а можниот тран…