Дома Фудбал Италија Лоши вести за Интер, Лукаку се повреди пред дербито со Милан

Лоши вести за Интер, Лукаку се повреди пред дербито со Милан

Ѕвездата на Интер, Ромелу Лукаку се повреди и нема да биде на располагање за дербито со Милан, пренесува „Газета дело Спорт“.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Голгетерот кој летово се врати од Челзи, се здобил со мускулна повреда, па утре ќе оди на дополнителни прегледи за да се знае колку долго ќе отсуствува од терените.

Со сигурност Лукаку ќе ги пропушти дуелите со Кремонезе во вторник и дербито со Милан во сабота.

Во Интер се надеваат дека Лукаку ќе може да се опорави за мечот со Баерн Минхен во Лигата на шампиони, кој се игра на 7 септември на „Сан Сиро“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Во Сити заработува милиони, а вчера ја шокираше јавноста кога видоа каков телефон носи

Манчестер Сити во финалето на ФА Купот кое се играше на Вембли успеа да го победи Челси со…