Во натпреварот против Лас Палмас на домашен терен, Реал Мадрид дојде до лесна победа од 2:0 во рамките од седмото коло во Ла Лига.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
„Кралевите“ скапо ја платија оваа победа бидејќи се повредија Алаба и Рудигер. Лошата вест ја потврди тренерот Карло Анчелоти по натпреварот.
„Против Жирона Алаба нема да игра, Рудигер исто така доби удар, ќе видиме“, изјави италијанскиот стратег.
Алаба вчера беше заменет уште во првото полувреме, а според поргнозите има проблем со адукторот. Рудигер според најавите брзо би требало да биде спремен за Жирона кој игра одлично. По седум кола Жирона е лидер во Ла Лига.
Од претходно е познато дека Реал Мадрид е без Милитао, Куртоа и Винисиус Жуниор.