Дома Фудбал Англија Лондонско дерби за фудбалерот на Милан!

Лондонско дерби за фудбалерот на Милан!

0

Како што пренесуваат англиските и италијанските медиуми, два клуба од Лондон покажуваат интерес за крилниот играч на Милан, Сусо.

Во прашање се Вест Хем и Тотенхем, кои ова лето се очекува многу да потрошат. Поранешниот играч на Ливерпул би можел да го напушти Милан ова лето, а интерес за него претходно покажа и Атлетико Мадрид, но како што пишува Калчо Меркато борбата за неговиот потпис ќе се води помеѓу лондонските ривали.

Шпанецот има откупна клазула од 40 милиони евра во својот договор со Милан, што е сума која можат да ја платат двата споменати клубови без поголеми проблеми.

Сусо во последните години беше еден од најдобрите играчи на Милан, но може да замине, затоа што Росонерите планираат да продадат неколку играчи за да ги испочитуваат правилата на ФФП, но и да донесат нови играчи.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Повеќе нема дилеми: Лукаку е пред трансфер во Интер! (ВИДЕО)

Ромелу Лукаку веќе подолго време се поврзува со Интер, а сега ни пристигнува доказ дека не…