Ливерпул вчера го одигра натпреварот против Баерн Минхен во рамките од осминафиналето во Лигата на шампионите.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Натпреварот на крајот заврши без победник со најнепопуларниот резултат 0:0. Поради повреда хрватскиот стопер Дејан Ловрен кој стандарден во тимот на Клоп овој натпревар го следеше од трибините.
Одбранта на „црвените“ во овој натпревар против Роберт Левандовски и друштвото ја предводеа Фабињо и Жоел Матип.
Натпреварот Ловрен го гледаше од ложата замотан во боите на англискиот клуб. Овој негов „стајлинг“ брзо стана хит на друштвените мрежи, посебно на Твитер.
Ловрен често пати е активен на Твитер, а ваквата појава на Хрватот многумина ја споредија со хероината од познатиот детски цртан филм Црвенкапа. Така го нарече и англискиот коментатор кој го пренесуваше натпреварот.
The happiest moment of the game for every Liverpool fan so far.. seeing Lovren underneath a blanket lol pic.twitter.com/mH3RgLz7rt
— BuckArmy (@BuckArmy) February 19, 2019
На оваа средба интересна ситуација видовме и после завршувањето на натпреварот кога Клоп и Ковач имаа мала расправија. Клоп на конференцијата за медиуми откри дека Ковач сакал само да му се извини.
„Не, не, не. Сакав веднаш да се ракувам со него, а тој отиде помеѓу своите играчи. Изгледаше како да се ракува со играчите на својот тим. Кога конечно заврши му кажав: Јас чекам…Тој потоа се извини и му одговорив дека нема проблем. Потоа повторно сакаше да се извини. Тоа е се што се случуваше“, откри Клоп.
Jurgen Klopp didn't seem too happy with Niko Kovač at full-time.#LIVBAY #UCL pic.twitter.com/gQHE6o70EK
— The Swype Sports ™ (@TheSwypeSports) February 19, 2019