Дома Фудбал Ловрен го напушта Енфилд и заминува далеку од Англија

Ловрен го напушта Енфилд и заминува далеку од Англија

Хрватскиот фудбалски репрезентативец Дејан Ловрен е пред заминување од Енфилд.

Иако со Ливерпул има договор до летото 2021. година, медиумите на Островот се убедени дека Ловрен ова лето ќе ја промени средината и веројатно кариерата ќе ја продолжи во Русија.

Откако се пишуваше дека за Ловрен е заинтересирана Рома, сега во игра се вклучува и Зенит, кој бара партнер во одбраната на Бранислав Ивановиќ.

Русите веќе стапиле во контакт со представници на Ливерпул и се распрашуваат за евентуален трансфер, а останува да видиме дали на крајот ќе дојде до договор.

Ловрен во Ливерпул пристигна во 2014. година од Саутемптон, а со Црвените ја освои Лига на шампиони и Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Чуамени се повреди на тренинг, Франција остана без уште еден репрезентативец

Играчот на Реал Мадрид го напушти францускиот табор поради повреда на мускул. Зидан нема д…