Дома Фудбал Ловрен во Ливерпул го плаќа „данокот“ за освоеното сребро во Русија

Ловрен во Ливерпул го плаќа „данокот“ за освоеното сребро во Русија

Уште минатата сезона, Дејан Ловрен имаше проблем исо повредата, но можеше да игра, Но, со оглед дека на Светското првенство три пати играше по 120 минути за Хрватска неговата состојба се влошила.

Јирген Клоп по вчерашниот натпревар против Вест Хем кој „црвените“ го добија со 4:0 изјави дека хрватскиот репрезентативен стопер, Дејан Ловрен не настапил во тој натпревар поради повреда која ќе го одвои од терените уште две до три недели.

„Дејан не е спремен. Уште минатата сезона имаше мали проблем исо повредата, но можеше да игра и играше навистина добро. Но, со оглед дека на Светското првенство играше три пати по 120 минути за Хрватска неговата состојба се влоши. Сепак, ситуацијата не е толку страшна и прилично сум сигурен дека се ќе се среди во следните две до три недели“, изјави Клоп.

Ќе потсетиме, Ловрен беше стандарден член на репрезентацијата на Хрватска со која стигна до второто место на Мундијалот во Русија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Чуамени се повреди на тренинг, Франција остана без уште еден репрезентативец

Играчот на Реал Мадрид го напушти францускиот табор поради повреда на мускул. Зидан нема д…