Италијанските медиуми пренесуваат дека Стефан Лихштајнер ќе го напушти Јувентус и кариерата ќе ја продолжи во Турција, каде трансфер прозорецот е отворен до 8-ми септември.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Силен интерес за Швајцарецот покажува Бешикташ кој наводно веќе стапил во контакт со неговиот агент. Лихштајнер го загуби статусот на првотимец во Торино, па е спремен да ја промени средината.
Притоа, десниот бек е лут на одлуката на тренерот Макс Алегри да го изостави од списокот за Лига на шампиони, па сака трансферот да се реализира што побрзо.
Трансфер пазарот во Турција е отворен до петок, па многу е веројатно дека ќе дојде до реализација на трансферот бидејќи Јувентус нема ништо против да го пушти Лихштајнер.
„Бјанконерите“ на таа позиција веќе ги донесоа Матија де Шиљо и Бенедикт Ховедес, па 33-годишниот Швајцарец после 7 години најверојатно ќе го напушти клубот.