Дома Фудбал Останато Листата скратена на пет имиња: Кој ќе биде новиот „Мбапе“?

Листата скратена на пет имиња: Кој ќе биде новиот „Мбапе“?

mbappe

Листата на кандидати за најдобар млад играч претрпе неколку промени и сега е намалена на пет имиња.

Имено, денес е објавена листа од пет имиња за наградата „Голден Бој“ а победникот ќе го изберат новинарите од реномираните светски медиуми.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


За наградата „Голден Бој“ во игра влегуваат сите играчи под 21 година и во предвид се зимаат нивните настапи во изминатата календарска година.

Минатогодишниот освојувач Килијан Мбапе го нема помеѓу петмината номинирани, иако според годините и понатаму може да конкурира за ова признание. Тоа е така поради тоа што Мбапе е сериозен кандидат за освојување на „Златната топка“.

Петмината номинирани се: Патрик Клајверт (Рома), Матијас Де Лихт (Ајакс), Трент Александер Арнолд (Ливерпул), Патрик Кутроне (Милан) и Винисус Жуниор (Реал Мадрид).

Добитникот на ова признание ќе биде објавен на 17-ти декември, треба да се потсети дека во минатото оваа награда ја освојуваа Ван Дер Варт, Руни, Фабрегас, Агуеро, Балотели, Геце, Иско, Погба, Стерлинг…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Роналдо не крие: Сакам да сум претседател

Бразилската фудбалска легенда, Роналдо ја потврди желбата да стане претседател на бразилск…