Дома Трансфер зона Листата на желби на Рагник е составена од четворица фудбалери

Листата на желби на Рагник е составена од четворица фудбалери

Манчестер јунајтед е далеку од посакуваните резултати, иако преодниот рок со Варан, Санчо и Роналдо ветуваше дека ќе се борат за висок пласман.

Ниту тренерот Ралф Рангник не промени премногу на клупата на Јунајтед, откако го замени Оле Гунар Солскјер, па сега им останува само борбата за топ-4 до крајот на сезоната.

Англиските медиуми пишуваат дека на крајот на сезоната Јунајтед ќе се обиде да купи неколку ѕвезди, а на списокот со желби се наоѓаат дури четири. Еден од кандидатите е Џуд Белингам од Борусија Дортмунд, кој игра фантастично и најверојатно ќе направи трансфер вреден околу 100 милиони евра.

Второто име кое е желба на „црвените ѓаволи“ е талентираниот Деклан Рајс, кој засега Вест хем успеа да го задржи, но најверојатно нема да може уште долго.

Се споменуваат и засилувања во нападот, и тоа звучни имиња, како што се Хари Кејн од Тотенхем и Ерлинг Халанд од Дортмунд, иако тоа ќе биде тешко за реализација, посебно ако „ѓаволите“ не изборат пласман во Лига на шампиони (ЛШ) за следната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Астон Вила доведе големо засилување од 45 милиони евра

Завршен е првиот трансфер на звучно име во англиската Премиер лига за следната сезона. Бра…