Дома Видео Лион испадна од купот, Фекир промаши пенал

Лион испадна од купот, Фекир промаши пенал

0

Во натпревар од четвртфиналето во Купот на Франција, Лион на својот стадион е поразен од Стразбур со 2:1.

Лион сигурно имал желба да оди до крајот, но Стразбур го изненади домашниот тим и избори полуфинале после голема борба.

Во првиот дел беа досудени два пенала, по еден на двете страни. Гостите го искористија ударот од белата точка, а Набил Фекир во завршницата на првиот дел промаши.

Сепак, Лион во 49. минута дојде до изедначување, по асистенција на Депај реализираше резервистот Траоре за нова надеж за полуфинале.


Следете го Sportski.mk и на


Само три минути подоцна, гостите повторно во водство, овој пат стрелец беше Коне и Стразбур успеа до крајот да ја сочува предноста и да го елиминира фаворитот.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Mајсторија: Пјаниќ го матираше грчкиот голман од 30 метри! (ВИДЕО)

Во овие моменти во рамките од квалификациите за Европското првенство 2020 репрезентацијата…