Дома Трансфер зона Лидс ја „краде“ големата желба на Мурињо

Лидс ја „краде“ големата желба на Мурињо

Рома и Лидс се силно заинтересирани за плејмејкерот на Торино и српски репрезентативец, Саша Лукиќ.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Лукиќ игра одлична сезона и го привлече вниманието на многу клубови, а „Тутоспорт“ пишува дека главната битка за неговиот потпис ќе ја водат Рома и Лидс.

Мурињо е голем симпатизер на Србинот и верува дека одлично ќе се вклопи во неговиот систем на игра, а во Лукиќ гледа наследник на Матиќ.

„Волчицата“ важеше како фаворит за неговиот потпис, но сега во трката се вклучи и Лидс, кој е спремен да понуди повеќе.

Лукиќ после Мундијалот ќе донесе конечна одлука дали ќе остане во Серија А или ќе се пресели во Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…