Дома Фудбал Англија Ливерпул ќе го проширува „Енфилд“

Ливерпул ќе го проширува „Енфилд“

Фудбалскиот клуб Ливерпул соопшти дека има намера да прави нова реконструкција на „Енфилд“ со која капацитетот на „Енфилд“ би се зголемил на повеќе од 60.000 места.

Трините на „Енфилд“ после реконструкцијата од 2016 година можат да соберат 54.074 гледачи што е шести најголем капацитет во Премиер лигата.

Поголеми стадиони од Ливерпул имаат: Манчестер Јунајтед, Тотенхем, Арсенал, Вест Хем и Манчестер Сити.

Сега во план е нова реконструкција за бројот на места дополнително да се зголеми.

„Преостана само да се договорат детали и на пат сме да пронајдеме најдобро решение за сите страни“, изјави генералниот директор на Ливерпул, Енди Хјуз.

Ливерпул на „Енфилд“ игра од 1982 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Арсенал надвор од трката за титулата во Женската Супер Лига

Арсенал претрпе пораз од Манчестер Сити и се наоѓа далеку од борбата за титулата во Женска…