Дома Топ вести Ливерпул ја „краде“ ѕвездата на Барселона

Ливерпул ја „краде“ ѕвездата на Барселона

Ливерпул сака да ги искористи проблемите во Барселона и да го доведе на „Енфилд“ големиот шпански талент, Гави, пренесуваат медиумите на Островот.

Барселона потпиша нов договор со Гави, но шпанската Ла Лига одби да го регистрира со објаснување дека немаат доволно место во буџетот за плати за новите примања на фудбалерот.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Најголем проблем за Барселона претставува фактот што на Гави на крајот на сезоната му истекува договорот, па може да си замине како слободен агент.

Ливерпул сака да ја искористи ситуацијата бидејќи е во потрага по квалитетен играч за врска. Белингам е премногу скап, па „црвените“ се спремни да му понудат богата плата на Гави.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…