Дома Топ вести Ливерпул тргнува по Рубен Невеш

Ливерпул тргнува по Рубен Невеш


Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓



Англиските медиуми пренесуваат дека Ливерпул е сериозно заинтересиран за плејмејкерот на Вулверхемптон, Рубен Невеш.

25-годишниот Португалец игра одлично во Вулверхемптон и е спремен да направи чекор напред во кариерата.

Невеш на лето ќе влезе во последната година од договорот и бидејќи одби да ја продолжи соработката „волците“ се спремни да слушнат понуди.

Ливерпул е во потрага по квалитетен играч за врска, бидејќи Клоп има малку алтернативи во средниот ред.

„Црвените“ спремаат понуда и сакаат да го доведат Португалецот до крајот на преодниот рок, но ќе треба да ја победат конкуренцијата.

За Невеш интерес покажуваат уште Арсенал и Барселона, но во моментов Ливерпул е во предност за неговиот потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Клоп по новиот шок за Ливерпул: Лут сум и разочаран, немам објаснување…

Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓ Ливерпул одигра уште…