Дома Топ вести Ливерпул тргнува по младата ѕвезда на Баерн

Ливерпул тргнува по младата ѕвезда на Баерн

Талентот на Баерн Минхен, Џамал Мусијала е алтернатива за средниот ред на Ливерпул, доколку „црвените“ не успеат да го доведат Белингам.

Главна трансфер цел на Клоп е ѕвездата на Борусија Дортмунд, Џуди Белингам, но конкуренцијата за Англичанецот е голема.

„Марка“ тврди дека Реал Мадрид е во пол-позиција за Белингам, па од „Енфилд“ ќе мора да бараат алтернатива.

Ливерпул го идентификувал Мусијала, кој исто така е млад и перспективен и блеска во дресот на Баерн Минхен.

Меѓутоа, и тој трансфер е тежок за реализација бидејќи Баерн не сака да го пушти својот „бисер“, кој има договор со Баварците до 2026 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Сабицер го спаси Дортмунд во 90+3: Вердер падна по луда драма!

Дортмунд испушти 2:0, но Сабицер со слободен удар во 90+3. минута донесе победа од 3:2 над…