Дома Топ вести Ливерпул спреми 50 милиони: Го враќа бившиот играч на „Енфилд“

Ливерпул спреми 50 милиони: Го враќа бившиот играч на „Енфилд“

Англиските медиуми пренесуваат дека Ливерпул е сериозно заинтересиран за играчот на Милан, Сусо и е спремен да понуди 50 милиони евра за неговиот потпис.

Шпанскиот репрезентативец не успеа да се докаже на „Енфилд“ како млад фудбалер, па се пресели во Милан, каде буквално „експлодираше“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сусо во последните две сезони се етаблираше како еден од најдобрите офанзивни фудбалери во Серија А и го привлече вниманието на многу европски гиганти.

25-годишниот Шпанец оваа сезона на 15 меча во Серија А има 5 гола и 8 асистенци, што го става во рангот на Меси и Азар како играч со најмногу асистенции во Европа.

Ливерпул сака да ја поправи грешката и да го врати на „Енфилд“, а за тоа спремиле понуда од 50 милиони евра.

Сепак, тешко е да се поверува дека Милан ќе се откаже од својот најдобар фудбалер и веќе започна преговори со Шпанецот за нов договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Миовски пресреќен: Наградите се доказ дека се правам од срце

Maкедонскиот напаѓач Бојан Миовски зад себе има одлична сезона во дресот на Абердин, клубо…