Салах во летниот преоден рок беше блиску до трансфер во Саудиска Арабија, па не е исклучено наскоро да го напушти Ливерпул.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Клубот од „Енфилд“ веќе почнува да размислува за негов наследник, бидејќи на крајот на сезоната Ливерпул ќе биде спремен да го продаде Египќанецот.
Прв избор е ѕвездата на Баерн Минхен и германски репрезентативец Лерој Сане. Клоп ќе се обиде да го убеди да дојде во Ливерпул, но Баерн е тежок преговарач.
Ливерпул со продажбата на Салах сака добро да заработи и нема да жали пари за да го донесе Сане на „Енфилд“ и за тоа е спремен да понуди 100 милиони евра.