Ливерпул започна официјални преговори со тренерот на Спортинг, Рубен Аморим, пренесуваат англиските медиуми.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Аморим, наводно, веќе им кажал на своите најблиски луѓе и соработници дека е подготвен да го преземе Ливерпул и да ја прифати понудата од „Енфилд“.
Спортинг е лидер во првенството со бод повеќе од Бенфика и до крајот го чека грчевита борба за титулата во Португалија.
Лидерите во Премиер лигата веќе се во преговори со агентите на Аморим, кои му се добро познати на клубот бидејќи го претставуваат и Луис Дијаз.
„Не можам да гарантирам дека ќе останам во Спортинг и следната сезона. Не можам да го кажам тоа што кажа Чаби Алонсо. Треба да разговараме за мојата иднина и ќе ја договориме кога ќе биде вистинскиот момент“, изјави Аморим.