Дома Топ вести Ливерпул не се откажува од Халанд

Ливерпул не се откажува од Халанд

Ерлинг Халанд е еден од најбараните фудбалери на трансфер пазарот и за него буквално се „тепаат“ најголемите европски гиганти.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Веќе подолго време силно се шпекулира со негов трансфер во Реал Мадрид, Барселона и ПСЖ, но германските медиуми тврдат дека Халанд може да заврши во Ливерпул.

21-годишниот Норвежанец е најголемата желба на Јирген Клоп и се верува дека „црвените“ со овој трансфер сакаат да го убедат Салах да стави потпис на нов договор.

Едно од барањата на 29-годишниот Египќанец е сериозно засилување на составот. 

Конкуренцијата за потписот на Халанд е жестока, но „црвените“ не се откажуваат и сакаат да го доведат на Енфилд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…