Дома Трансфер зона Ливерпул најде замена за Фирмињо

Ливерпул најде замена за Фирмињо

Ливерпул е спремен на лето да се раздели со својата голема ѕвезда, Роберто Фирмињо, пренесуваат медиумите на Островот.

30-годишниот Бразилец има договор на уште 14-месеци со Ливерпул и клубот нема намера да му понуди нов, туку ќе го стави на трансфер листа на лето.

Од почетокот на сезоната Фирмињо имаше неколку повреди и го загуби местото во стартниот тим и до овој момент има постигнато седум гола.

Со оглед на падот на неговата форма и краткиот договор со Ливерпул, „црвените“ сметаат дека сега е вистинско време за продажба и му поставиле цена од 20 милиони фунти.

Англиските медиуми пренесуваат дека Клоп веќе нашол замена за Бразилецот и го сака Џонатан Дејвид од Лил, чија цена во моментов изнесува околу 50 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Јувентус од Челзи го бара Канте или Жоржињо

Челзи и Јувентус преговараат за трансфер на Матијас де Лихт на „Стенфорд Бриџ“, а се поизв…