Дома Фудбал Ливерпул му понуди богат договор на Вајналдум

Ливерпул му понуди богат договор на Вајналдум

Ливерпул сака да го задржи Жоржињо Вајналдум и му предложил нов, побогат договор.

Актуелниот договор на 30-годишниот Холанѓанец истекува на крајот на сезоната, а тоа значи дека во јануари ќе биде слободен да потпише преддоговор со друг клуб.

За Вајналдум интерес уште во летото покажуваше Барселона, а сега во трката за неговиот потпис се приклучи и Интер.

Според „Мирор“ Вајналдум побарал од Ливерпул 4-годишен договор, но „црвените“ му нудат договор на 3 години. Меѓутоа, клубот му нуди значително зголемување на платата, од актуелните 75.000 фунти неделно на 105.000 фунти неделно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мектоминеј го скрши отпорот на Торино, Наполи остана без уште еден играч

Голот на Скот Мектоминеј во 73. минута му донесе победа од 1-0 на Наполи, но Антонио Верга…