Дома Трансфер зона Ливерпул како замена за Ван Дајк носи играч од 100 милиони евра?

Ливерпул како замена за Ван Дајк носи играч од 100 милиони евра?

Meнаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп пронајде мета за замена на повредениот Вирџил Ван Дајк.

Холандскиот репрезентативец денес беше успешно опериран и јасно е дека за него сезоната е завршена, а Ливерпул во зимскиот преоден рок сигурно дека ќе се засили во последната линија.

Нормално, тешко е да се пронајде замена за еден од најдобрите дефанзивци во светот. Сега, медиумите пишуваат дека Ливерпул е спремен да издвои 100 милиони евра за да го доведе Калид Кулибали од Наполи.

Кулибали се поврзуваше со двата клуба од Манчестер, но остана во Наполи и покрај силните гласини. Причината поради која не го напушти Неапол е што газдата на Наполи, Аурелио Де Лаурентис не попушташе и за него бараше сума од 100 милиони евра.

Сигурно дека Кулибали би бил одлична замена за Ван Дајк, а кога Холанѓанецот би се вратил на теренот Ливерпул тогаш ќе може да се пофали со еден од најдобрите стоперски тандеми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан и Ливерпул во битка за потписот на Кабак

Милан во летниот преоден рок не успеа да доведе дефанзивец, па тоа ќе биде приоритет за „р…