Дома Топ вести Ливерпул и Челзи се откажаа, Јунајтед е фаворит за Санчо

Ливерпул и Челзи се откажаа, Јунајтед е фаворит за Санчо

Англиските медиуми се сигурни дека Џејдон Санчо на крајот на сезоната ќе ја напушти Борусија Дортмунд.

Санчо во германскиот клуб пристигна во 2017 година од Манчестер Сити и блесна во дресот на „милионерите“. Овој 19-годишен офанзивен фудбалер воодушеви со своите настапи и се најде на мета на многу европски гиганти.

Оваа сезона Англичанецот одигра 30 меча за Дортмунд на кои постигна 16 гола и запиша 17 асистенции. Тој има договор со „милионерите“ до јуни 2022 година, но се шпекулира дека ова лето сигурно ќе ја промени средината.

„Скај Спорт“ пренесува дека Санчо веќе ги известил челниците на Борусија Дортмунд дека сака да го напушти клубот и да се врати во Англија.

Последните информации од Островот се дека Челзи и Ливерпул се откажале од Санчо поради високата цена. Имено, Борусија Дортмунд за слободата на 20-годишниот Англичанец бара 120 милиони евра.

Во моментов Манчестер Јунајтед е фаворит за неговиот потпис бидејќи „црвените ѓаволи“ се спремни да понудат 100 милиони евра плус бонуси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Рома се засилува со напаѓач на Реал Мадрид

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан ова лето направи голема „чистка“ во тимот, па некол…