Дома Фудбал Ливерпул го оствари најдобриот старт во историјата на клубот

Ливерпул го оствари најдобриот старт во историјата на клубот

Фудбалерите на Ливерпул синоќа во гости го поразија Барнли со 3:1 во Премиер лигата и на тој начин го забележаа најдобриот старт во историјата на клубот.

Иако Црвените по бројот на титули во Англија е на втората позиција зад Манчестер Јунајтед, никогаш не забележале подобар старт пред оваа сезона.

После одиграни 15 кола, тимот од Енфилд освои 39 бода. Остварија 12 победи и три нерешени, и имаат гол разлика од 30:6.

Сепак, сето тоа не им помогна да бидат лидери на табелата, туку го гледаат грбот на Манчестер Сити кој до сега освои два бода повеќе.

Прилика да ја подобрат низата, Црвените имаат во наредното коло кога гостуваат кај Борнмут.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Удар за Јунајтед: Шешко ја заврши 2026 година, враќање најрано во јануари

Повредата на потколеницата го оддалечува Бенјамин Шешко од терените до најмалку јануари 20…