Дома Трансфер зона Ливерпул во Италија ја најде замената за Вајналдум

Ливерпул во Италија ја најде замената за Вајналдум

Познато е дека Вајналдум е на излезните врати од Ливерпул, па Клоп веќе ја започна потрагата по негова замена.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Англиските медиуми информираат дека првата желба на Клоп е ѕвездата на Удинезе, Родриго де Паул.

Овој 26 годишен фудбалер игра одлично во дресот на Удинезе. Веќе четири години е еден од најдобрите играчи за врска во Серија А и изгледа дојде време за голем трансфер.

За него веќе подолго време интерес покажуваат италијанските гиганти Јувентус и Интер, а сега во трката за потписот се вклучи и Ливерпул.

Удинезе за неговата слобода бара 40 милиони евра, а Ливерпул е спремен на лето да ја плати таа сума.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…