Дома Останати Кошарка НБА Лејкерси лесно против Хјустон, драма приредија Вориорси и Рапторси, Јокиќ до дабл-дабл 🎥

Лејкерси лесно против Хјустон, драма приредија Вориорси и Рапторси, Јокиќ до дабл-дабл 🎥

Лос Анџелес Лејкерси лесно како гости го совладаа Хјустон со 102:120.

Без вистинскиот Џејмс Харден Хјустон немаше некои шанси против актуелните шампиони. Од почетокот до крајот Лејкерси беа тие кои имаа водство, а на крајот лесно ја завршија работата и дојдоа до победа.

Најрасполжен кај Лејкерси беше Ентони Дејвис со 27 поени, а на другата страна Кристијан Вуд уфрли 23 поени. Харден натпреварот го заврши со 20 поени.

Одличен и возбудлив натпревар одиграа Вориорси и Ратпорси. На крајот домаќините славеа со резултат 106:105. Рапторси имаа минус 17 на отварањето на последната четвртина, но успеаа да се вратат и да поведат со четири разлика. На три секунди до крајот при водство на Торонто од 105:104 Демион Ли беше фаулиран при шут за три поени. Две погоди и донесе победа на Вориорси затоа што Сиакам промаши шут за победа на гостите.

Домаќините до победата ги предводеше Ендрју Вигинс со 17 поени, а кај Торонто Паскал Сиакам уфрли 25 поени.

Никола Јокиќ одново беше на своето препознатливо ниво и го водеше Денвер до победа против Њујорј Никси. Денвер победи со 89:114, а Јокиќ беше најефикасен во својот тим со 22 поени, 10 скокови и 5 асистенци. Кај Никси Рендл исто така запиша дабл-дабл со 29 поени, 10 скока и 5 асистенции.

НБА РЕЗУЛТАТИ: Бруклин – Оклахома 116:129, Никси – Денвер 89:114, Хјустон – Лејкерси 102:120, Минесота – Сан Антонио 96:88, Голден Стејт – Торонто 106:105

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Aматерска грешка: Четворица кошаркари на Денвер беа во контра и сите се наместија на „тројка“

Кошаркарите на Денвер Нагетс беа поразени од Вашингтон Визардс со 110:112 во Колорадо. Иак…