Дома Фудбал Италија Летното засилување на Интер поради повреда ќе ги пропушти репрезентивните обврски

Летното засилување на Интер поради повреда ќе ги пропушти репрезентивните обврски

Напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез ќе се врати во италијанскиот клуб бидејќи поради повреда не е во можност да настапи за Аргентина.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Медиумите од татковината на овој фудбалер пишуваат дека летното засилување на „нероаѕурите“ во натпреварот против Болоња во Серија А не настапил поради повреда на листот на левата нога.

Покрај повредата, Лаутаро во понеделникот одговорил на повикот од селекторот на „Гаучосите“, но од докторите на репрезентацијата добил зелено светло да се врати во Италија и да продолжи со опоравувањето.

Првиот натпревар под водство на новиот селектор Лионел Скалони, Аргентина ќе го одигра во сабота против Гватемала.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Неверојатни 300.000.000 евра за една година, никој не е како Реал Мадрид!

Реал Мадрид потпиша неверојатен договор со Адидас, како што Флорентино Перез го нарече, на…