Дома Останати Кошарка НБА Летечкиот Јанис: Овој човек како да може да забие и од линијата за тројка! (ВИДЕО)

Летечкиот Јанис: Овој човек како да може да забие и од линијата за тројка! (ВИДЕО)

0

Првиот носител на Истокот Милвоки Бакс славеше рутински во првиот натпревар од плејофот во НБА лигата против Детроит Пистонс со 121:86.

Јанис Антетокумпо уште во првото полувреме имаше 14 поени и 10 скока со што стана третиот играч на Бакси во последните две децении со дабл-дабл во првите 24 минути.

Бакси беа толку доминантни што Јанис во второто полувреме и не мораше премногу да игра. Натпреварот го заврши со 24 поени и 17 скокови за помалку од 24 минути поминати на теренот.

Со своите настапи сериозно се наметнува како најсериозен кандидат за МВП на сезоната, а сега воодушеви и со забивање скоро од линијата за слободни фрлања, се одрази 4.17 метри.
Изгледа како овој човек да може да забие и од линијата за слободни фрлања…

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Јокиќ се обиде атрактивно да забие, па се – посрамоти (ВИДЕО)

Српскиот фудбалер Никола Јокиќ работи и се подготвува за сезоната во НБА лигата која следи…