Дома Кошарка „Летаа“ боксови: Општа тепачка на натпревар во НБА! 🎥

„Летаа“ боксови: Општа тепачка на натпревар во НБА! 🎥

Инцидент се случи на вчерашниот натпревар во НБА лигата во натпреварот помеѓу Орландо Меџик и Минесота.

Бекот на „волците“ Остин Риверс и центарот на Орландо Мо Бамба влегоа во физичка пресметка со боксови, а потоа им се приклучија и останатите кошаркари.

Тепачката се случи пред клупата на гостинскиот тим. Се започна откако паднаа тешки зборови по промашениот обид за три поени на Риверс.

На крајот судијата подели пет исклучувања, три за Минесота (Риверс, Мекданиелс, Принс) и две за Орландо (Бамба и Џејлен Сагс). Мечот заврши со победа на домашниот тим од Флорида со 127:120.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Радуловиќ ја презема Решовија: првата победа ќе ја бара по шест порази

Дарко Радуловиќ останува во полската кошарка, но со нов предизвик во Решовија. Неговиот но…