Дома Фудбал Лестер ја најде замената за Марез

Лестер ја најде замената за Марез

Ријад Марез веројатно ќе ја напушти екипата на Лестер во летниот преоден рок, а раководството на тимот веќе најде негова замена.

Нов член на Лисиците веројатно ќе стане норвешкиот фудбалер Мохамед Елиунуси, моментално член на Базел, каде бележи фантастични игри.

Елиунуси воодушеви и во настапите во ЛШ. Постојат многу екипи кои се спремни да го донесат, но за сега тој е најблиску до Лестер.

Таму ќе го замени Марез. Алжирецот одлучи да замине по крајот на сезоната. Се претпоставува дека негов нов тим ќе биде Рома.

Мохамед Елиунуси е член на Базел од 2016. година. Пристигна од Молде, а за швајцарскиот великан одигра 64 натпревари и постигна 16 погодоци.

За репрезентацијата на Норвешка овој фудбалер настапил 14 пати и четири пати ја погодил противничката мрежа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Окафор го реши Тотенхем за 97 секунди, бура поради стартот на Богл

Лидс славеше со 1-0 и ја прекина серијата без победа, но мечот го одбележа и спорната одлу…