Дома Трансфер зона Лестер ја купува ѕвездата на Рома

Лестер ја купува ѕвездата на Рома

Крилото на Рома и турски репрезентативец Џенгиз Ундер ова лето најверојатно ќе го напушти „Олимпико“.

22-годишниот Ундер покажа голем потенцијал, но за време на оваа сезона тој беше измачуван од повреди и тоа го спречи да се избори за стартно место во тимот на Пауло Фонсека.

Рома е во финансиска криза и е спремна да го продаде турскиот репрезентативец, а најсилен интерес за него покажува Лестер.

„Скај Италија“ пренесува дека преговорите се во напредна фаза и наскоро би можел да биде комплетиран трансферот тежок 28 милиони евра.

Лестер испратил понуда од 3 милиони евра за едногодишна позајмица со задолжителен откуп следното лето за 25 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барса кажа ДА: Семедо се сели во Премиер лигата

Премиерлигашот Вулверхемптон е многу близу до привлекување на десниот бек на Барселона, Не…