Дома Трансфер зона Лестер пронајде „нов Канте“ и сака да го купи веднаш!

Лестер пронајде „нов Канте“ и сака да го купи веднаш!

Лестер покажува сериозен интерес за младиот играч за врска на Брест, Ибрахима Диало, пренесуваат медиумите на Островот.

20-годишниот млад француски репрезентативец со своите настапи оваа сезона го привлече вниманието на многу европски клубови.

„Лисиците“ сакаат да ја победат конкуренцијата и да го доведат во своите редови ушфе во зимскиот преоден рок, па веќе стапиле во контакт со неговиот агент.

Диало по својата конституција и стилот на игра многу наликува на Канте, фудбалер кој својата фудбалска промоција ја доживеа токму во Лестер.

Диало има договор со Брест до 2023 година и неговата вредност на пазарот во моментов изнесува 20 милиони евра, сума која „лисиците“ се спремни да ја платат.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Мурињо доведува напаѓач од 70 милиони евра?

Тотенхем изгледа пронајде решение за во нападот, барем додека не се опорави Хари Кејн. Шпа…