Дома Трансфер зона Леонардо доаѓа по својот сонародник во Милано!

Леонардо доаѓа по својот сонародник во Милано!

0

ПСЖ пронајде мета во Милан.

Веќе неколку сезони на Милан не му оди. Во италијанскиот клуб спремаат планови за јануарскиот преоден рок. Во Милан сигурно дека ќе се обидат и да ги задржат своите актуелни играчи.

Спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо според пишувањето на француските медиуми е заинтересиран во Париз да го види Лукасш Пакета. Бразилецот дојде во јануари од Фламенго и за кратко време ги освои срцата на „росонерите“, но не е константен. Тука беа проблемите и со повредата, а оваа сезона одигра само пет натпревари во Серија А и собра нешто повеќе од двеста минути, забележа една асистенција.

Не се споменува висината на трансферот или колку францускиот клуб е спремен да понуди.

Ќе потсетиме Милан го доведе за сума од 40 милиони евра.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Катарски тајкуни може да му станат газди на Елмас

Богатите Катарци понудиле 560 милиони евра за купување на Наполи. Според пишувањето на „Де…