Дома Топ вести „Лемар ефект“: Алексис Санчез останува на „Емирати“!

„Лемар ефект“: Алексис Санчез останува на „Емирати“!

Откако Тома Лемар одби да се пресели во редовите на Арсенал иако договор помеѓу Монако и Арсенал беше постигнат, Алексис Санчез ќе мора да се помири со останувањето во Лондон.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Трансферот на Санчез беше ставен на „чекање“, имено Венгер очекуваше да го доведе Тома Лемар, но откако не успеа во намерата, јасно е дека немаше да има доволно време да пронајде соодветна замена доколу Санчез беше продаден, па сега како главна причина за пропаѓањето на овој трансфер може да се наведе одлуката на Лемар.

Се шпекулираше и дека Гвардиола би можел да вклучи играч во понудата за Чилеанецот, но на крајот Шпанецот не одлучи за такво нешто, па навивачите на Арсенал можат да бидат задоволни, барем кога е останувањето на нивната најголема ѕвезда.

Сега се очекува, Алексис да го напушти Арсенал наредното лето и тоа како слободен фудбалер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…