Дома Фудбал Легенда на Манчестер Јунајтед може да биде нов тренер на Миовски?

Легенда на Манчестер Јунајтед може да биде нов тренер на Миовски?

Легендата на Манчестер Јунајтед, Двајт Јорк е еден од главните кандидати за нов тренер на Абердин каде што настапува македонскиот напаѓач Бојан Миовски.

Неодамна Абердин го отпушти стратегот Џим Гудвин по лошите резултати, а „чашата ја прели“ поразот од Хиберниан од 6:0. Неодамна Јорк замина од австралиската А-лига каде што беше тренер на тимот на МекАртур.

Медиумите шпекулираат дека тој веќе разговарал со Сер Алекс Фергусон и е заинтересиран да седне на клупата на Абердин.

Абердин не брза со замената Гудвин и одлуката би требало да ја донесе во текот на наредната недела. Миовски под водство на Гудвин играше одлично и постигна 12 голови на 24 натпревари во шкотската Премиер лига.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ботхајм со два гола, Викинг со пресврт до убедливи 4-1 против Сабах

Сабах прв поведе, но Викинг одговори со четири гола и ја запиша првата победа во лигашката…